29 Април, 2024
0.0253

На Грција и недостигаат 6 милијарди евра, Европа крои планови за помош

Објавено во: Балкан 14 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Советот на министрите за финансии на земјите- членки на еврозоната ќе ја разгледа можноста за трет спасувачки финансиски пакет за Грција во декември , изјави по завршувањето на денешната седница на советот неговиот претседател Jерун Диселблум , пренесе ИТАР -ТАСС . „Во декември ќе го разгледаме недостигот во надворешното финансирање на Грција за 2014 година " , рече Диселблум . Според неговите зборови балканската држава ќе има потреба од уште околу 5-6 милијарди евра, освен оние што се веќе договорени, за да успее да го финансира сервисирање на долгот и буџетските потреби до година. Тој истакна дека Еврогрупата го исклучила како мерка намалувањето на депозитите, што беше спроведено во Кипар, како елемент од третиот спасувачки финансиски пакет за Грција . Од друга страна пак, претседателот на Европскиот механизам за стабилност и Европскиот механизам за финансиска стабилност Клаус Реглинг изјави дека постојаниот спасувачки фонд за еврозоната во следните неколку недели може да ја префрлин на Грција следната транша од меѓународните кредити , кој е во износ од 1 милијарда евра , соопшти РИА Новости . Тоа ќе се случи , ако претставниците на „тројката" меѓународни кредитори ја завршат мисијата во Грција и дадат позитивно мислење за спроведените реформи. Претходно пак Јорг Асмусен, член на Управниот одбор на Европската централна банка истакна дека автоматското предоговарање, познато како роловер на долгот, не е варијанта за покривање на недостигот од шест милијарди евра за Грција. „Треба да пронајдеме начин да ја затвориме  таа дупка во финансирањето и нема апсолутно никаков начин тоа да биде направено преку автоматско предоговарање со обврзници или со друг инструмент, кое би довело до парично финансирање. Тоа не е можно за ЕЦБ и целата еврозона“, дециден е Асмусен.

Можеби ќе ве интересира

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија