26 Април, 2024
0.0325

На хуманитарниот базар во „Нова“ се собраа средства за Дневниот центар за деца на улица

Објавено во: Мои пари 13 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Стотици граѓани викендов го посетија традиционалниот семеен базар во меѓународното училиште „Нова“ во Скопјена кој се собраа средства наменети за Дневниот центар за деца на улица - Шуто Оризари. Посетителите можеа да купат традиционални специјалитети од кујните на 14 држави претставени на Базарот, меѓу кои најпопуларните беа: американската, австралијанската, македонската и јапонската маса. Дополнително посетителите имаа можност да купат книги и  ракотворби од домашни и странски уметници. Се одржа и лотарија со вредни награди, музички точки кои ги подготвија учениците во „Нова“ додеканајмалите гости уживаа во мини – зоолошка градина.Меѓу присутните беа повеќе амбасадори во нашата држава какои в.д. амбасадорката на САД во земјава, Микаела Швајцер – Блум како и голем број други видни гости.


- Базарот е круна на сите општествено-одговорни активности кои се организираат во „Нова“ во текот на целата година со цел кај учениците да се всади чувство за одговорност кон заедницата во која живеати работат. Настанот секоја година сè повеќе се развива и нешто што почна во многу помал размер сега зазема големи димензии. Бројот на луѓе кои го посетуваат базарот е сè поголем, а ние како образовна институција се трудиме да соработуваме со институции на кои навистина им е потребна помош и овие средства ќе им го олеснат секојдневието  - велат од меѓународното училиште „Нова“.


Манифестацијата е организирана од Здружението на родители и професори од „Нова“ во соработка со училиштето. Досега дел од собраните средства на настанот биле наменети и за Клиниката за педијатриска хематологија и онкологија при Универзитетската детска клиника; Домот за деца без родители „11 Oктомври“ во Скопје; Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, Заводот за ментално здравје на деца и младинци (ЗМЗДМ) „Младост“ итн. 


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“