На лидерската ќе се зборува за три клучни прашања
Објавено во: Македонија 07 Март, 2019
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју на телевизија Алфа најави дека во недела ќе се одржи лидерската средба со премиерот Зоран Заев.
Тој додаде дека на средбата ќе се зборува за три клучни прашања.
„Претседателските избори кои следат, како императив и предуслов за интегрирање во структурите на НАТО и ЕУ, па во делот кој се однесува на реформските закони бидејќи досега имаше дијалог, тимови работеа на оние закони коишто можеме да кажеме дека се реформски и ќе разговараме за СЈО и предлог законот за иднината на СЈО кој денес го добивме во работна верзија“, рече Мицкоски.
Тој вели дека овие прашања се многу важни за државата.