НА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО РАДОВИШКИ ЛОКАЛ ИМ ТОЧЕЛЕ АЛКОХОЛ: Ќе биде поднесена кривична пријава
Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2022
Полициски
службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш спровеле акциска контрола
во девет угостителски објекти на подрачје на Радовиш во текот на вчерашната
вечер.
-При контролата, во еден угостителски објект било констатирано дека малолетни лица биле послужени со алкохолни пијалоци. За настанот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело "точење алкохол на малолетни лица" по член 204 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението на МВР.