07 Мај, 2024
0.0222

На овие места најмногу луѓе се „чекирале“ во „Facebook 2015“

Објавено во: Стил 12 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Разгледницата одамна не е главниот начин да се пофалите од одмор. Социјалните мрежи ја запленија оваа функција преку опцијата за одбележување на местата кои ги посетуваме.

На крајот на годината Facebook реши да направи рангирање на дестинациите на кои корисниците се „чекирале“ најчесто. Ова автоматски ги прави овие места најжешките точки на светот за 2015 година.

Disneyland е број еден во рангирањето, но не е изненадувачки, со оглед дека култниот забавен парк постои во Париз, Калифорнија, Флорида, Токио, Хонг Конг, а наскоро и во Шангај.

По него се наоѓа Universal Studios и блескавиот Тајмс Сквер во Њујорк.

Четвртото место на кое луѓето се „чекирале“ најчесто во Facebook, е Ајфеловата кула, проследена со Нијагарините водопади и Siam Paragon - еден од најголемите трговски центри во Азија.

Седми е Големиот Кањон во Аризона, а осмата позиција е за национален парк Јосемити. Рангирањето завршува со музејот Лувр во Париз и Централ Парк во Њујорк.