03 Мај, 2024
0.0351

На Рама му е важна платформата, МНР порачува соседите да не се занимаваат со Македонија

Објавено во: Балкан 03 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Албанскиот премиер, Еди Рама вели дека за идната влада не му е важно дали ќе биде предводена од ВМРО­-ДПМНЕ или СДСМ, затоа што тој не фаворизира никого и нема намера да меша по тоа прашање.

За косовки Клан, Рама објасни дека клучно е прифаќањето на платформата на Албанците.  Рама вели дека платформата не е провокација туку има реални барања кои се логични и произлегуваат од Охридскиот рамковен договор. Тој тврди дека без Албанците, Македонија како држава не може да функционира. 

Македонското Министерство за надворешни работи му одговори на Рама, дека соседите треба да се занимаваат со своите проблеми, а не со Македонија, бидејќи тука има избрани претставници од граѓаните и тие се единствените легитимни фактори во носењето одлуки.

„Политичарите од соседството кои упорно се обидуваат да го оттргнат вниманието од проблемите дома, со потпалување оган кај соседи одат спротивно на европските вредности. Секако дека им е најпривлечно да се занимаваат со соседни земји во услови кога тешко им оди со реалните потреби на граѓаните во сопствената земја. Сепак, за сите ќе биде најдобро да се посветат на реформите што им се толку многу потребни пред да мечтаат за лидерство и да креираат поделби во регионот“- стои во реакцијата од македонското Министерство за надворешни работи.

МНР и претходно реагираше на изјавите на Рама поврзани со Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни