07 Мај, 2024
0.0259

На што ќе потроши Фондот за иновации 20 милиони евра?

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Фондот за иновации и технолошки развој во годината која претстои на располагање ќе има до 20 милиони евра кои ќе бидат насочени кон креативци и иноватори, а новото поле на делување ќе биде примена на иновации во јавниот сектор. Планирани се два повика во областа на образованието, за поттикнување креативни идеи кај основци и средношколци, и за изработка на иновативни наставни помагала.

- Целта  не е да имаме комерцијално успешен продукт или услуга, туку реално развивање на култура на креативно размислување кај младите. Во изминатите три месеци во нашите анализи на состојбите утврдивме дека има голем потенцијал за финансирање проекти, но за жал од друга страна имаме реално мал интерес на користење на средствата. Со поддршка на оваа реформа во иднина ќе го зголемиме пазарот за пласман на финансиски продукти на Фондот, односно на среден рок да добиеме што повеќе квалитетни апликации во економијата со домашни човечки ресурси, вели директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски во интервју за МИА.

Тој информира дека најавува дека во соработка со Светска банка ги финализираат активностите за објавување повици за инструментите акцелератори и технолошка екстензија за кои  досега немаше објави.

Се прават напори, како што вели, да се откочи реализацијата на четврт повик за финансиска поддршка на старт ап и иновативни идеи до фаза на комерцијализација, со кој се распределуваат 85 милиини денари. Тој повик е стартуван на почетокот на годината, а новото раководство го затекнало во фаза на истечени рокови.  

-  На Владата и предложивме конкретно решение, таа го одобри и во фаза сме на поставување нов комитет за одобрување на инвестициите кое ќе ни помогне да ги рестартираме роковите за евалуација. Се надеваме дека до крај на годината ќе го завршиме повикот со евалуација, ќе имаме можност да потпишеме договор со успешните апликанти и веднаш на почетокот на следната година да одиме со објавување нови повици за нови средства, најавува Деспотовски.

Фондот за иновации и технолошки развој ќе и предложи на Владата проект со кој институциите ќе одвојуваат одреден процент од вкупните средства за јавни набавки  за поддршка на иновативни продукти и услуги.  

- Целта е да се намалат трошоците на јавните набавки затоа што ако државата инвестира во развивање на одреден продукт нормално треба да биде по субвенционирана цена. Продуктот ќе се развива во домашната економија која е поевтина и поконкурентна од странските добавувачи и ќе добиеме подобар квалитет во голем број случаи. Од една страна ќе имаме реална заштеда во буџетот, а од друга страна поттикнување на домашната економија. Ова е проект што го иницираме сега и за кој очекуваме поддршка од Владата, вели Деспотовски. 


Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот