На Тетовци им текна нов начин да протестираат поради поскапата струја - дел од нив фрлија испечатени банкноти
Објавено во: Економија 05 Септември, 2020
Продолжуваат протестите против поскапувањето на срујата.
Дел од Тетовци вчера со малку поинаков пристап го искажаа револтот од новата повисока цена на електричната енергија.
Имено, вчеравечер во Тетово се одржа петтиот по ред протест на граѓанската иницијатива „Доста е“.
Протестот се организираше на повик на социјалните мрежи, при што поголема група граѓани се собра на градскиот плоштад во 19 часот, стартувајќи го потоа маршот по градските улици. Крајна дестинација беше местото каде се објектите на Корисничко Енерго Центар на електродистрибутивната компанија ЕВН на излезот од Тетово. Пред објектите на ЕВН, како што јавуваат дел од медиумите, имаше и кордон од полицајци, а групата застана пред нив.
После неколкуминутно скандирање и извици, двајца од групата се приближија до оградата и фрлија стотици испечатени банкноти налик на 100 евра.