28 Април, 2024
0.0352

На Викенд Медиа Фестивал дознајте сè за феноменот “култура на патики“

Објавено во: Мои пари 17 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Феноменот на“култура на патики“ (sneaker culture) го заинтригира целиот свет. Патиките веќе не се дел само од спортските терени и се претворија во статусен симбол. Без разлика дали се работи за обично купување во продавница,аукција или соработка со ѕвезди, патиките достигнуваат вртоглави цени кои ние со задоволство ги плаќаме - во јули еден Канаѓанец на аукција даде 437,500 долари за патики Moon Shoes“ од компанијата “Најк“ (Nike).


На панел – дискусијата “Култура на Патики“во рамки на Викенд Медиа Фестивал дознајте зошто е важно да се разбере феноменот “култура на патики“за иднината на секој бизнис? Зошто нам повеќе не ни се важни чантите, фармерките и јакните, туку само патиките? Ако сакате да дознаете како се создава бренд преку социјалните мрежи, “културата на патиките“ претставува феномен кој треба да се проучи.


На панел – дискусијата ќе учествува Андре Љуштина (Andre Ljuština), попознат како “Croatian Style“, кој е сопственик на колекција патики вредна повеќе од два милиони долари и основач на  “Блитц(Blitz) - онлајн трговија со ретки и најбарани патики од Лос Анџелес. Нему ќе му се придружи диџејот и продуцент Томо ин дер Мулен (Tomo in der Mühlen) кој исто така е познат по својот уникатен стил, како и неговиот колега, Петар Радојчиќ Бизо (Petar Radojčić Bizzo), диџеј и креативен директор на “True Sneaker Lover“.


Овогодишниот “Викенд Медиа Фестивал“ ќе обедини повеќе од 150 предавачи и панелисти, а овие три дена, повеќе од 5.000 учесници од сите земји во Регионот ќе можат да уживаат во богатата фестивалска програма која ќе се одржи на пет паралелни локации во рамки на Старата фабрика за тутун во Ровињ. Оваа година новина е “Викенд Мастерклас“ кој во најпрестижниот хрватски хотел, Гранд Парк Хотел Ровињ, го носи легендарниот управител на “Tag Heuer“и “Hublot“, Жан-Клод Бивер(Jean-Claude Biver). Тој, во четврток на 12. септември во 11 часот, ќе ги открие тајните на водењетона луксузни брендови и со ова ќе ја отвори овогодишната програма на Фестивалот.


Сите актуелни медиумски теми, како детали за интересните предавачи и стручни лица кои ќе учествуваат на овогодишниот Викенд Медиа Фестивал можете да погледнете во деталната програма на официјалната страна на фестивалот.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг