На Вучиќ му е доволен еден мандат како српски претседател
Објавено во: Балкан 23 Декември, 2017
Александар Вучиќ кој по Милошевиќ е политичар со најмногу години власт во Србија најверојатно смета дека доволно направил за по само еден претседателски мандат да се откаже од политиката и да не се кандидира за наредните избори. Во интервју за Блумберг посочува дека сега е најважно да ги реализира стратешките цели на Србија по што ќе може да се повлече од власта.
„Дали ќе бидам претседател во 2025? Нема. Ќе се повлечам 99 отсто... Мојата идеја е да ја завршам работата во оваа канцеларија во следните четири и пол години и толку - изјави Вучиќ и додаде дека нема намера да се враќа ниту на премиерската функција.
Тој истакна дека ќе ја „подготви Србија за влез во ЕУ до почетокот на следната деценија“, притоа одржувајќи добри односи со Русија. Односите со Москва ги оцени како „традиционално добри и пријателски“ и најави дека такви и ќе останат.