НАБАВЕТЕ НАВРЕМЕ ИЛИ НАРАЧУВАЈТЕ ПО ТЕЛЕФОН: Следува долг викенд во карантин
Објавено во: Македонија 10 Април, 2020
До денеска до 16.00 часот граѓаните имаат можност да си ги набават потребните
намирници и останати потребни нешта, зошто до понедленик до 05.00 часот ќе биде на сила полицискиот час
кој ќе важи за целата територија на државата. Карантинот за време на викенд ќе
трае точно 61 час, а ваква одлука донесе Владата со цел спречување на
понатамошно ширење на епидемијата во земјава.
Маркетите и викендов треба да го прилагодат своето работно време согласно забраните за движење на територијата на државата и непречено да го организираат работниот процес. Штабовите треба да го организираат движењето на лицата волонтери што ќе ги доставуваат најнеопходните намирници до домовите на граѓаните.