Над 500 илегални имигранти пристигнале на италијанскиот остров Сицилија
Објавено во: Свет 20 Август, 2013
Над 500 илегални имигранти пристигнаа во текот на ноќта во Сицилија, соопштија италијанските власти.
Вкупно три мали бродови преполни со илегални имигранти се истовариле на јужниот италијански остров во Средоземното Море или потонале во регионот.
Еден од бродовите се вкотвил на плажа со педесетина патници, кои тврдат дека се Сиријци. Над 24 илјади илегални имигранти пристигнале во Италија во првите десет дена на август.