09 Мај, 2024
0.0264

Надежта на НАТО за решение за името не стивнува

Објавено во: Балкан 07 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Заменик-генералниот секретар на НАТО, Роуз Готмелер, во интервју за грчката телевизија Скај изјави дека многу е добро тоа што прашањето за името е високо на агендата  и со тоа се  надеваат дека може да се создаде позитивен моментум, јави дописникот на МИА од Атина.

Во однос на членството на Македонија во Северно-атлантската алијанса, таа ја споменува неодамнешната посета на генералниот секретар Јенс Столтенберг на Скопје и ставот дека „треба да се оди напред во преговорите во рамките на ОН, на еден директен начин, работејќи со амбасадорот Нимиц, да се најде решение што јасно ќе им одговара на сите страни“.

„Ние внимателно следиме, многу е интересно колку темата е високо на агендата, бидејќи тоа е нешто што е многу добро. Знам дека неколку години беше тргнато настрана. Според тоа, ние се надеваме дека може да се создаде еден моментум, на позитивен начин“, истакна Готмелер во интервјуто за емисијата „Историес“ на грчката телевизија Скај.

Готмелер, вели дека не може да се знае кон што водат преговорите, станува збор за бавни и тешки процеси, некогаш има два чекора назад, еден чекор напред, „но продолжуваш да одиш напред и да бараш решение“.

Заменичката на Столтенберг, на прашањето дали постои план Б во случај да нема договор до јулскиот самит, вели дека НАТО е посветено на политиката на отворени врати, а тоа се однесува не само на Македонија, туку и на сите земји што сакаат да станат членки.

„Мислам дека она што би требало да го знаат вашите гледачи е дека што се однесува до НАТО, одлуките од Самитот од Букурешт, кои сега, во 2018 се веќе 10 години стари, навистина ја даваат сликата дека вратата е отворена. Ние сме фокусирани само на ПЈРМ“, објаснува заменик-генералниот секретар на НАТО и вели дека земјите би требало да имаат можност самите да ги одберат нивните безбедносни односи.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА СЕ ПОВРЕДЕНИ ДЕЦА ПО НЕСРЕЌАТА - докторите од Брза помош: „Никогаш немаме видено вакво нешто“

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

Уапсен сопственикот на вртелешката во Куршумлија! Повредените деца сместени во болници

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

ПРЕСВРТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАЛАТА ДАНКА - нема биолошки траги од девојчето во возилото на обвинетите

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

НАЈТЕШКО ПОВРЕДЕНОТО ДЕТЕ (13) ИТНО ПРЕНЕСЕНО ВО НИШ: се урна рингишпил во Србија, меѓу повредените брат и сестра (ФОТО)

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

„НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ЧЕЛИЧНОТО ПРИЈАТЕЛСТВОТО“ - Вучиќ по потпишувањето договори со Кина

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

Курти: Приштина не прифаќа дека формирањето на ЗСО е услов за членство во СЕ

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

САКААТ ДА ИЗНАЈМАТ ЗАТВОР: Австрија ќе испраќа осуденици во Koсово

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

БЕЛГРАД НА ВОДА АГРЕСИВНО СЕ ШИРИ: Но на две локации има голем проблем, еве што е работата

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?