06 Мај, 2024
0.0251

НАФТЕНА КРИЗА: Се бара коридор за цистерните на ОКТА!

Објавено во: Економија 09 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Во следните 25 дена транспортот на нафта од Грција ќе може да се прави не само од граничниот премин „Богородица“ туку и преку граничните премини со Грција  „Дојран“ и „Меџитлија“. Оваа одлука доцна синоќа е донесена на владината седница. Одлуката доаѓа по повеќедневните блокадите на граничниот премин „Евзони“ од страна на грчките земјоделци, со што беше оневозможен влез во Македонија на цистерните кои превезуваат нафтени деривати.

„ Владата стапи во контакт и со царинската управа на Република Македонија која доби задолжение веднаш да обезбеди кадар и останати потреби во логистика кои ќе овозможат нормално функционирање на овие гранични премини имајќи во предвид дека ќе дојде до зголемување на фреквентноста и габаритот на возила кои би требало да транзитираат на овие два потези. Исто така и МВР доби задолженија според кои треба од нивен аспект да озбезбеди определено прифаќање на овие транспортни средства врз основа на кои овие цистерни кои ќе влегуваат на „Меџитлија“ и „Дојран“ да може да бидат процесуирани до внатрешните царински терминали“,излави портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.

Но,од друга страна вчера грчките земјоделци се заканија дека доколку грчките владини претставници не седнат на преговори за барањата на земјоделците, од утре ќе го блокираат и граничниот премин Дојран. 

Државни нафтени резерви има за два месеци

Директорот на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати Уљуси Бекири, вели дека резерви на нафта има за само за околу 70 дена.  Тој посочува дека Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати по наредба на Владата, во рок од 24 часа можат да ги дистрибурираат сите потребни колични деривати до бензинските постојки, но засега нема добиено барање за користење на државните нафтени резерви.

„Сметам дека непотребно се прави паника за нафтена криза, ние нема да дозволиме да дојде до тоа. Во дирекцијата има резерви за околу 70 дена.Доколку има потреба како алтернативи се отворени Бугарија и Албанија“, вели Бекири.

Се ситнат нафтените резерви

Дел од увозниците на нафтени деривати алармираат дека резерви на нафта има за уште три дена. Од најголемиот увозник „Окта“ велат дека подготвиле план за соодветно снабдување со нафтени деривати. Од компанијата посочија дека имаат резерви на нафта и деривати за седум дена и доколку регулаторите дозволат може да ги искористат законските резерви за уште за пет дена. Уверуваат дека нема да дозвола застој во снабдувањето со нафта и деривати на македонскиот пазар.

„Го разгледуваме секое релевантно прашање со голема одговорност и чувствителност.Од самото основање на ОКТА, компанијата гарантира и спроведува планови со цел да се осигура непречена работа на пазарот на горива. И токму тоа го прави и сега. И покрај проблемите кои се појавија поради протестите на грчките земјоделци, ОКТА подготви план за соодветно снабдување на земјата. Ги информираме нашите потрошувачи дека, и покрај зголемените трошоци, ќе продолжиме да го снабдуваме пазарот на гориво, користејќи ги сите можни алтернативни начини“,изјави Јанис Геруланос, генерален директор на ОКТА.

Но останува нејасно зошто во овие критични периоди кога е неизвесно снабдувањето со нафта и нафтени деривати не се користи нафтоводот за транспортирање на сите видови деривати за потребата на Македонија и покрај тоа што државата е сопственик на 20 отсто од фирмата во чија сосптвеност е нафтоводот.Од „Окта“ велат дека  доколку добијат дозвола од Владата ќе ја употребаат оваа опција, што за компанијата е и наједноставна опција за увоз на деривати од Грција. „Окта“ снабдува околу 80 отсто од македонскиот пазар.

„Би сакале да забележиме дека веднаш штом добиеме дозвола, подготвени сме да продолжиме да увезуваме гориво преку нафтоводот кој ги поврзува капацитетите во Скопје со рафинеријата во Солун, проект кој дава дефинитивно решение за непречено снабдување на земјата со течни горива“,изјави Геруланос.

Додека се чека дозвола од Владата за употреба на нафтоводот од „Окта“ велат дека веќе се во опција алтернативни рути како преку Албанија и Бугарија, од каде веќе обезбедиле транзитна дозвола за пренос на нафта и деривати и неколку камиони се веќе преминати преку преминот во Делчево.Исто така една од алтернативите за увоз според компанијата е  албанското пристаниште Драч каде ќе треба да се пренасочат танкерите од Грција.

Министерот за економија Дритон Кучи уверува дека нафтена криза нема да има.

„Нема најава за алармантна ситуација бидејќи има гранични премини кон Бугарија и можат да дојдат од таму. Ќе ги преземеме сите мерки за да немаме никаква криза. Ние не сакаме овие компании да имаат трошоци и да трошат време. Се надевам дека деновиве ќе најдеме решение кое ќе биде добро за сите граѓани“, изјави Кучи.

И додека се трошат резервите во прашање е доведено снабдувањето на РЕК Битола со мазут, со оглед на тоа дека од „Окта“ предупредија дека мазут има за уште два дена. Од ЕЛЕМ велат дека засега снабдувањето со мазут се одвива нормално и немаат најава за можен застој во испораката.

Дел од сопствениците на бензиските постојки велат дека имаат залихи за околу 20 дена.

„Ние имаме резерви за околу 20 дена, односно ако се случи да нема од каде да набавуваме, за 20 дена ќе имам. За понатаму не знам, но мислам дека државата за некои два месеци има резерви. Сметам дека нема простор за паника. Од друга страна ако се оди на алтернативни решенија, на пример од  Алабанија може да се земе, но цената е друга, исто така имаат ограничени количини, денеска има за пет дена може да нема, тие носат од Италија, а патото е подолг и трошоците се поголеми. Во Бугарија таму е главен „Лукоил“, може нема да дозволи  македонски компании да увезуваат. Во Македонија околу има околу 13 увозници на нафтени деривати ама тие претежно сите увезуваат од Хеленик Петрелеум, јас земам преку други увозници од Хеленик Петролеум, а бензинот го земами исклучиво од Србија, оти тие имаат вишок на бензин ама немаат нафта. Ако дојде до криза Владата ќе треба  даде дозвола за увоз“, вели Мите Јовановски, сопственик на бензинските постројки „Макоил“.

Т.С


Можеби ќе ве интересира

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?