05 Мај, 2024
0.0242

Награда за „Врба“ на Манчевски во Порто

Објавено во: Мои пари 09 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ја освои наградата Најдобар филм во програмата Недела на режисерите на 40. издание на филмскиот фестивал Фантаспорто во Порто, Португалија, еден од 20-те водечки во светот. Наградата се вика „Мануел де Оливеира“, по легендарниот португалски режисер.

Примајќи ја наградата на сцената во Порто, Манчевски ја посвети на извршниот продуцент на „Врба“ Ник Пауел, британската продуцентска легенда, кој почина лани во ноември, една недела по светската премиера на филмот.

За наградата за „Врба“ Манчевски вели:

„Убава награда во убав град. Мило ми е што „Врба“ го наоѓа патот до срцето на гледачите во повеќе земји”. 

Ова е третпат како Манчевски е лауреат на Фантаспорто: во 2016 година доби Награда за кариера при што имаше и ретроспектива на неговите филмови, а во 2017 „Бикини Мун“ ја освои Специјалната награда на жирито во истата програма Недела на режисерите.

Минатата недела „Врба“ беше прикажан во главната конкуренција за награди на ФЕСТ во Белград, проследено со огромен интерес кај публиката. Со долготраен аплауз и стоечки овации заврши проекцијата на филмот на која присуствуваа режисерот Милчо Манчевски и главните актери Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Никола Ристески и Камка Тоциноски.

Од мај, „Врба“ ќе игра на редовниот кинорепертоар во Србија.

„Врба“, кој е најгледаниот филм во Македонија, по Фантаспорто овој месец ќе ја има и американската премиера, во селекцијата за награди на фестивалот Синеквест во Сан Хозе и Редвуд Сити, Калифорнија (3-15 март) еден од најстарите и најреномирани фестивали во САД, по што следуваат фестивалите во Софија и Истанбул.

Минатиот месец „Врба“ имаше премиера и во Нов Зеланд и доби награда за најдобар филм на камерниот фестивал за независни филмови во Велингтон.


Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ