03 Мај, 2024
0.0269

Најчисти и најодржувани плажи-Каде се наоѓаат?

Објавено во: Стил 02 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Шпанија уште еднаш стана рекордер по број на добиени награди „Сино знаме“.

Меѓународната награда „Сино знаме“ од 1985 година се доделува од Фондацијата за еколошко образование (FEE). За да ја добие наградата плажата треба да одговари на многу критериуми поврзани со животната средина и безбедноста. Меѓу нив – чиста вода и брег, инфраструктура за лица со инвалидитет, присуство на спасувачки станици, информациона табла, пловечка зона за водни спортови, тоалети и др.

Во 2016 година Шпанија го урна сопствениот рекорд, добивајќи 8 знамиња повеќе отколку минатата година. Во Валенсија награда за чисти и одржувани плажи добија 125 плажи, во Галиција – 123, во Каталонија – 98, Андалузија – 76. Балеарските и Канарските острови зедоа соодветно 40 и 45 знамиња. Некои од нив ја добија престижната меѓународна награда и за пристаништа: Галиција – 18 пристаништа, Каталонија – 24, Андалузија – 16.

На Балеарските острови, квалитетот на плажите во 2016 година се намалува во споредба со минатата година, областа изгубила 12 знамиња. Во Каталонија, напротив, бројот на најдобрите плажи е зголемен за 9, во Валенсија со 5. Ибица оваа година ги губи сите 11 знамиња кои биле на островот претходно.

Претседателот на шпанското Здружение за контрола на животната средина Хозе Рамон Санчез објасни дека некои плажи ја изгубиле својата награда, бидејќи во 2016 година критериумите за избор беа построги. На пример, секоја плажа треба да има најмалку двајца спасувачи, а не сите места можат да си го дозволат тоа.

Во 2016 година меѓународното жири додели вкупно 4143 „сини знамиња“. Шпанија е проследена со Турција (444 знамиња), Грција (430), Франција (400) и Португалија (315). Во Бугарија осум плажи добиле „Сино знаме„ во текот на годините. Три од нив се во Свети власт, Сончев Брег (Плажа Север и плажа Југ), Поморие (Источна плажа), Созопол (плажа Харман).