Најголема атракција на Санкт Петербург е Владимир Путин, еве зошто…
Објавено во: Стил 13 Јули, 2016
Градот е познат по големи палати, музеи, паркови, бели ноќи, но и по тоа што е роден град на 63 годишниот руски претседател, Владимир Путин.
Многу туристи доаѓаат за да дознаат нешто повеќе за Путин, па има и тури кои се наменети за запознавање со животот на Путин.
Тој 40 години живеел во Санкт Петербург, а во деведесетите се преселил во Москва.
„Оваа тура им помага на луѓето да ја запознаат човечката страна на Путин“ - вели водичот Георги Русанов.
Тој со турата за Путин почнал пред неколку години, а поради големиот интерес на странците, и други колеги планираат да почнат со истата работа.
Туристите го посетуваат домот каде живеел Путин и местото каде излегувал со сопругата Људмила.