НАЈМАЛКУ 17 ДРЖАВИ ДОЛЖАТ НА РУСИЈА: Кои се најдоа во топ три?
Објавено во: Економија 19 Август, 2019
Дваесетина држави должат пари на Русија.
Најголеми должници на Русија се Белорусија, Украина и Венецуела, пишува весникот RBK.
Весникот набројал најмалку 17 држави кои и должат на Москва вкупно 27 милијарди долари.
Од Министерството за финансии на Белорусија, потврдиле дека официјален Минск е должен најмалку 7,5 милијарди долари, пишува Спутник.
На второто место е Украина, со долг од околу 3,7 милијарди долари. Но, украинските власти признаваат само 600 милиони долари, уште од 90-тите години од минатиот век.
Венецуела на Русија должи 3,15 милијарди долари и овој долг треба да биде вратен до 2027-ма година. Нешто помал е долгот на Куба.
Меѓу големите должници на Русија се вбројуваат и Бангладеш, Кипар, Индија и Јемен.