29 Април, 2024
0.0243

Најопасниот човек во Европа: Ја сака Бети, бесни мотори и Че Гевара!

Објавено во: Балкан 27 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Алексис Ципрас е роден на 28 јули 1974 во Атина. По потекло, мајка му е од Правишта. Студирал градежништвото во Националниот технички универзитет од Атина. По дипломирањето во 2000 година, завршил и постдипломските студии. По ова, тој започнал да работи како градежен инженер во градежната индустрија. Напишал неколку студии и проекти на тема на градот Атина. Политичка кариера Алексис Ципрас се приклучил на Комунистичката младина на Грција во доцните 80-ти години. Во почетокот на 90-тите години, тој бил политички активист, главно насочено против контроверзниот закон на тогашниот министер Василис Контогијанопулос. Станал познат како застапник на ученичко движење. Како тинејџер прв пат го осетил вкусот на политичкиот успех кога владата отстапила пред ученичката окупација, а тогаш ја запознал и жената со која планирал да го помине животот, средношколската активистка Перистера Бацијана, која нагалено ја викаат Бети. По заминувањето на Комунистичката партија на Грција од Синаспизмос, Ципрас останал во партијата. Како секретар на Младински Синаспизмос тој зел активно учество во процесот на создавањето на грчкиот социјален форум и бил присутен на сите меѓународни протести и маршеви против неолибералната глобализација. Претседател на политичка партија на 33 години Во декември 2004 година, на Четвртиот конгрес на Синаспизмос, тој бил избран за член на централниот комитет, каде бил одговорен за образовни и младински прашања. Кога тој бил избран за претседател на Синаспизмос тој имал само 33 години, со што стана најмладиот шеф на една грчка парламентарна политичка партија. B8OxV6yCYAAurJ7 Две години подоцна, во октомври 2006 година, Ципрас е избран за советник во општината на градот Атина,откако освои 10,51 отсто од гласовите. Во февруари 2008 година беше избран за лидер на партијата Синаспизмос (Коалиција на левицата, движењата и екологија). Во октомври 2009 година е избран за пратеник во Парламентот под Сириза и го презеде водството на парламентарната група на партијата. Во 2009 година, на Парламентарните избори бил избран за член на парламентот на Грција за изборна единица во Атина, а од страна на СИРИЗА бил избран едногласно како шеф на парламентарната група. 20 години формално неженет со Бети со која има два сина Алексис Ципрас формално е неоженет, 20 години е со партнерката Перистера Бацијака со која има два сина. Тој ќе биде првиот неоженет премиер на Грција, што е голема промена за оваа конзервативна држава. Tsipras-Peristera Не сака вратоврски Мрази вратоврски, таков бил уште од младоста кога повеќе сакал да се повози со некој бесен мотор. Своевремено бил моторџија и обожувач на Че Гевара. Едно од неговите деца се вика Орфеј Ернесто, кртсен токму по Че Гевера.. tsipras16yo Прв радикален левичарски премиер во последниве 150 години Алексис Ципрас ќе стане првиот радикален левичарски премиер и најмлад грчки премиер во последниве 150 години. Неговата партија Сириза победи на општите избори во Грција за прв пат во својата историја. tsipras-1 Брисел во паника Стоп за штедењето, излез од еврозоната, поголеми даноци за богатите- со оваа економска предизборна програма левичарската коалиција СИРИЗА ја доби довербата од граѓаните. Победата на Ципрас ги вознемири меѓународните кредитори. Европската централна банка веднаш порача дека тие не може да учествува во какво било отпишување на долгот на Грција. Германската канцеларка Ангела Меркел очекува новата грчка влада да ги почитува своите обврски кон меѓународните кредитори. "Мерките за штедење не се дел од европските договори; демократијата и принципите на народна сувереност се", изјави предизборно Ципрас. Според информациите од СИРИЗА составот на новата владата најверојатно ќе биде познат до вторник. Р.Ф    

Можеби ќе ве интересира

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија