29 Април, 2024
0.0268

Наместо „Made in Germany“ да биде „Made in EU“ – Кој добива, а кој губи?!

Објавено во: Свет 19 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Експертите се плашат од негативни последици на предлогот на ЕУ да стави крај на познатата ознака „Made in Germany“, односно „Произведено во Германија“.

Планот на Европската комисија да ја преправи ознаката „Произведено во Германија“ не е добро прифатен од секого. „Не мислам ништо за тоа, бидејќи тоа ќе значи само поголема бирократија“, вели Јирген Фарвиг, претседател на Германската асоцијација за квалитет (ДГК).,пишува Дојче Веле.

Досега, на производителите им беше дозволено да ја стават ознаката на сите производи „чии главни карактеристики беа произведени во Германија или произлегуваат од германското производство“, вели Фолкер Трајер од Германската индустриска и трговска комора (ДИХК). Трајер тоа го илустрира со пример на една пумпа за бензин: „Ако развојот, дизајнот и конечната монтажа се одвиваат во Германија, а само деловите од набавувачите се од друга земја, може да се смета дека е произведена во Германија.“

Но, ознаката е повеќе од само именување на потеклото на производот, додава Фарвиг. „Производството, сигурноста, трајноста – се ` тоа може да биде означено како „квалитет“. Исто така, со тоа се создава имиџ – како на пример, германска инженерска уметност.“

Според проценките, ознаката може да вреди повеќе од 100 милијарди евра, бидејќи компаниите и потрошувачите одлучуваат да купат поскапи германски производи наместо поевтини од други земји.

Ознаката „Произведено во ЕУ“ би била проблематична за земјите кои извезуваат, како што е Германија. Но, Фарвиг вели дека продажбата ќе биде загрозена од плановите на Европската комисија со кои би се барало од производителите да ја документираат секоја фаза на производство – и потоа да оценат кој придонесол најмногу за вредноста на производот.

Во зависност од резултатот, потоа се одредува таксата, утврдена според новиот правилник за такси на ЕУ, кој треба да стапи на сила на крајот на годинава.

Можеби ќе ве интересира

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ИТАЛИЈАНСКА СЕСТИЕРЕ ПОД 56 САНТИМЕТРИ СНЕГ: Деновите што доаѓаат се најавуваат нови обилни врнежи

ИТАЛИЈАНСКА СЕСТИЕРЕ ПОД 56 САНТИМЕТРИ СНЕГ: Деновите што доаѓаат се најавуваат нови обилни врнежи

Досега 22 Украинци удавени во реката Тиса во обид да избегнат мобилизација

Досега 22 Украинци удавени во реката Тиса во обид да избегнат мобилизација

КАТАКЛИЗМА ВО АМЕРИКА! Торнадо уништи куќи и однесе дури 5 животи: загина четиримесечно бебе (ВИДЕО)

КАТАКЛИЗМА ВО АМЕРИКА! Торнадо уништи куќи и однесе дури 5 животи: загина четиримесечно бебе (ВИДЕО)

ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ ВРАЌА ВО БРИТАНИЈА: Еве зошто го прави тоа

ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ ВРАЌА ВО БРИТАНИЈА: Еве зошто го прави тоа

ИМААТ ТОЛКУ МНОГУ ПАРИ ШТО И АЕРОДРОМОТ ЌЕ ГО ПРЕМЕСТАТ ЗА ДА НАПРАВАТ УШТЕ ПОГОЛЕМ: Дубаи ќе има аеродром кој ќе биде „центар на светот“

ИМААТ ТОЛКУ МНОГУ ПАРИ ШТО И АЕРОДРОМОТ ЌЕ ГО ПРЕМЕСТАТ ЗА ДА НАПРАВАТ УШТЕ ПОГОЛЕМ: Дубаи ќе има аеродром кој ќе биде „центар на светот“

ПЛАТА, ДОДАТОЦИ, ПЕНЗИЈА... - погледнете зошто сите сакаат да бидат пратеници во Европскиот парламент

ПЛАТА, ДОДАТОЦИ, ПЕНЗИЈА... - погледнете зошто сите сакаат да бидат пратеници во Европскиот парламент

ВИЛИЈАМ ЌЕ СТАНЕ КРАЛ, А КЕЈТ КРАЛИЦА - што ќе се случи со Камила во случај на смрт на Чарлс

ВИЛИЈАМ ЌЕ СТАНЕ КРАЛ, А КЕЈТ КРАЛИЦА - што ќе се случи со Камила во случај на смрт на Чарлс

ДАЛИ СЕ РАЃА НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА СО РАКОТ: Започнуваат клиничките испитувања во фаза 3, британците тестираат вакцини за меланом

ДАЛИ СЕ РАЃА НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА СО РАКОТ: Започнуваат клиничките испитувања во фаза 3, британците тестираат вакцини за меланом