Наредните денови ќе имаме врнежи од дожд
Објавено во: Македонија 19 Декември, 2020
Во новата недела ќе имаме врнежи од дожд.
Во следните денови продолжува периодот на стабилно и суво време, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Во понеделник ќе биде значително облачно со услови за слаб локален дожд. Промена на времето се очекува кон крајот на работната недела, кога ќе дува слаб до умерен јужен ветер и ќе има повремени врнежи од дожд.
Утре времето во Македонија ќе биде претежно облачно и тивко, по одделни котлини со појава на магла. Температурата ќе се движи до 11 степени.