09 Мај, 2024
0.0292

НАРОДНА БАНКА ЌЕ МОЖЕ ДА РЕШАВА БАНКИ – ќе се воведуваат термини за заштита на документи, еве што друго се менува

Објавено во: Економија, Финансии 14 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Ќе се воведе Извршен одбор како орган на управување на Народната банка кој ќе преземе дел од овластувањата и задачите на гувернерот. Народната банка ќе има обврски и за спроведување на макропрудентна политика и преземање макропрудентни мерки кон банките, штедилниците и другите финансиски институции, а ќе може да врши и активности за решавање на банките. Ова се дел од новините кои се планираат со предлогот за измена на Законот за Народна банка кој веќе е доставен во Собранието.

Со постојниот закон, Народната банка како орган за супервизија на банки, штедилници и други финансиски институции, нема мандат за преземање макропрудентни мерки заради спречување, намалување или отстранување на системските ризици.

-  Со измените, Народната банка ќе биде надлежна за спроведување макропрудентна политика и преземање макропрудентни мерки. Исто така, на Народната банка и се доверува вршење на активности за решавање на банки, при што се предвидува надлежност на Народната банка за спроведување на подготвителни активности за решавање на банка, започнување на постапката на решавање и примена на инструментите и овластувањата за решавање на банка, при што НБ ќе може да соработува и да разменува информации и податоци со Министерството за финансии, Фондот за осигурување на депозити и други домашни органи и институции, како и со надлежни органи за решавање банки од странство – се појаснува во предлог измените.

Новина е воведување Извршен одбор како орган на управување на Народната банка, покрај гувернерот и Советот. Извршниот одбор ќе биде составен од гувернерот и тројцата вицегувернери. Извршниот одбор ќе преземе дел од овластувањата и задачите на гувернерот во делот на одлучувањето за издавање дозволи и согласности за финансиски институции и преземање мерки кон банки, штедилници и други финансиски институции кои се предмет на супервизија на НБ.

Исто така, Извршниот одбор ќе има овластување да презема макропрудентни мерки заради спроведување на макропрудентната политика, одлучување за започнување постапка на решавање на банка со проблеми во работењето како и за примена на инструментите и овластувањата за решавање на банка.

-  Со измените се овозможува диверзифицирање на девизните резерви од аспект на класите на инструменти што е правен основ за проширување на инвестициската рамка. Ќе се дозволи стекнување на удели во странски инвестициски фондови. Се овозможува флексибилност при управување со резервите и се креира простор за подоголорчна разпределба на инвестициите, со цел повисок поврат на вкупните девизни резерви – се појаснува во законот.

Деталите од законот откриваат дека со измените Народната банка може да формира општи, ревалоризациски и специјални резерви.

Исто така се утврдува дека се бришат одредбите кои се однесуваат на можноста Гувернерот и вицегувернерите да поседуваат над 5 отсто од капиталот во финансиска институција во Македонија. Со измените не смеат да имаат удел.

Исто така вработените во Народната банка нема да имаат статус на административни службеници.

Новина во овие законски измени е и воведувањето термини за заштита на доверливи документи. Имено, предвидено е Народната банка да ги класифицира и обележува документите, информациите и податоците кои не се јавни со следните степени на тајност: „НБ ПРОФЕСИОНАЛНА ТАЈНА“, „НБ ДОВЕРЛИВО“ или „НБ ЗА ОГРАНИЧЕНА УПОТРЕБА“, во согласност со прописите донесени од Советот на НБ.

-  Се воведуваат термините „нб професионална тајна“ , „нб доверливо“ и „нб за ограничена употреба“ за да се зајакнат одредбите за доверливост со експлицитно барање од надворешни страни кои имаат пристап до доверливи информации, како и членовите на Советот на НБ и нејзините вработени, да ги штитат деловните тајни, кои вклучуваат и доверливи информации за субјекти кои се под надзор од Народната банка и нивните клиенти (банкарска тајна). Истовремено, со бришење на терминот „класифицирани информации“ од Законот за Народната банка се врши усогласување со Законот за класифицирани информации. Предвидено е дека податоците можат да се обелоденат по барање на јавното обвинителство и во случаи и на начин пропишани со законот со кој се уредува работењето на банките и законот со кој се уредува решавањето банки – се прецизира во законот.

Членовите на Советот и вработените во Народната банка се должни да ги чуваат во тајност сите доверливите документи, информации и податоци.

Законот предвидува и парични казни за оние кои ќе откријат некоја од заштитените документи на НБ. Казните се движат од 250 евра за вработени во банката, па се до 5.000 евра за голем трговец ако оддаде некоја тајна.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?