04 Мај, 2024
0.0276

НАРОДНАТА БАНКА ВРАБОТУВА: Четворица пожарникари и двајца чувари - златото на државата е безбедно

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Народната банка на земјава, во чии трезор се чува дел од монетарното злато и други вредни богатства кои и припаѓаат на државава, сака да ја зајакне својата безбедност. Односно, НБМ решила да вработи четворица пожарникари и двајца чувари, иако бара нивниот ангажман да биде на определено време, од една година.

Централната банка огласите за шесте нови вработувања ги распиша на својата веб страница.

„Народната банка на Република Северна Македонија објавуваоглас за вработување на шест извршители во Рефератот за физичко и техничко обезбедување и противпожарна заштита во Отсекот за обезбедување во Дирекцијата за техничко одржување и обезбедување,  на определено време во траење од една година“, се вели во огласот што го распиша НБМ.

Како што е наведено во јавниот повик, се бараат четири извршители на работно место „пожарникар почетен степен“ и двајца извршители на работно место „чувар почетен степен“.

Не е јасно зошто Народната банка решила да ги направи овие нови вработувања, односно дали поради пензионирање на претходниот кадар, или поради доекипирање на постоечките служби.

Во огласот се вели дека кандидатите треба да се државјани на земјава, да се полнолетни и да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност. Тие треба да имаат завршено средно образование, да бидат со или без работен стаж, да имаат познавања на англиски јазик и работа со компјутер, да поседуваат теоретски и практични познавања за физичко обезбедување и противпожарна заштита, да поседуваат психофизичка здравствена способност за физичко обезбедување и противпожарна заштита, да поседуваат уверение за ППЗ и да поседуваат лиценца за физичко обезбедување.

Работното време во работната недела е организирано во две смени по 12 часа дневно, од кои првата смена почнува од 7.00 часот и завршува во 19.00 часот, а втората смена започнува во 19.00 часот, а завршува во 7.00 часот.

Во огласот се наведува дека висината на нето плататаза овие работни места изнесува 19.845денари, за време на приправничкиот стаж таа е 70 отсто од нето платата, односно 14.141 денари, додека за време на пробната работа е 50 отсто или 8.864 денари.

Како што е познато, Народната банка е орган кој управува со девизните резерви на земјава. Од законските прописи се гледа дека во трезорот на НБМ се чува дел од монетгарното злато, како и ефектива и чекови во конвертибилна странска валута.

„Ракувањето со девизните резерви, Народна банка го врши со пласирање и чување во следните видови на инструменти: монетарно злато, што се чува во трезорот на Народна банка и на сметки во странство, ефектива и чекови во конвертибилна странска валута кои се чуваат во трезорот на Народна банка, девизи и девизни депозити на сметки на НБМ кај странски централни банки, меѓународни финансиски институции и странски комерцијални банки, специјални права на влечење на сметките на НБМ кај ММФ, меници, потврди за депозит, обврзници и други должнички хартии од вредност, кои се чуваат во Народна банка или сметки на НБМ во странство, термински и репо договори кои Народна банка ги склучува со странски централни банки и меѓународни финансиски институтуции или за кои тие гарантираат или термински и репо договори кои Народна банка ги склучува со странски комерцијални банки и се плативи во странска валута“, се вели во законските прописи со кои се регулира ова прашање. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин