НАШАТА ДРЖАВА БИЛА ФИКЦИЈА: Грците ќе ја присвојат македонската кујна?
Објавено во: Балкан 28 Февруари, 2018
Помирливите гестови од Македонија не влијаеја многу врз подготвеноста за компромиси на Грците во регионот Македонија во спорот околу името, пишува весникот „Ноје цирхер цајтунг“, пренесе Дојче Веле.
„Кујната е новото оружје во арсеналот на грчките Македонци за да им ги покажат границите на своите северни соседи“- пишува во воведниот дел авторот Маркус Бернат во текстот посветен на спорот за името меѓу Македонија и Грција.Тој се осврнува на иницијативата на северногрчкиот регион – македонската кујна да се најде на листата на културно наследство на УНЕСКО, со што, според иницијаторите, на ПЈРМ, освен на дипломатски паркет, би ѝ бил зададен чувствителен и траен пораз и на гастрономски план, што е посебно важно сега, кога грчката Влада има намера конечно да го тргне спорот за името со соседот.
Иницијаторите од конзервативно предводената регионална управа на северногрчкиот регион Македонија велат дека нашата држава е фикција и дека Македонија е кај нив.