03 Мај, 2024
0.0331

Научниците прават обиди за подмладување на луѓе со крв

Објавено во: Стил 03 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Специјалисти од фирмата „Ambrosia“ во Монтереј, Калифорнија, почнуваат да вршат тестови за помладување на луѓе со помош на крвна плазма. Методот се базира на истражување на парабиоза во глувци, при што крвните системи на стари и млади глодари се соединуваат. Основачот на компанијата д-р Џеси Кармазин има намера да го истражува подмладувањето како акција на крвната плазма на млади луѓе, која ќе биде прелеана на 35-годишни волонтери. „Ambrosia“ ќе им плати по 8.000 долари на 600 луѓе кои ќе се согласуваат да учествуваат во експериментите. Условот е само возраста на донаторите да не надминува 25 години. На секој волонтер ќе биде му биде ставена 1,5 литри крвна плазма во рок од два дена. Пред постапката и еден месец по неа крвта на доброволците ќе биде испитана за биохемиски промени. Трошоците за добивање на плазмата од крвна банка , лабораториските анализи и осигурување треба да бидат покриени од учесниците. Експериментот веќе беше критикуван од некои специјалисти. Тие изразија мислење дека нема клинички докази дека тестовите со луѓе ќе се успешни. Тони Уис-Кореј - авторот на истражувањето од 2014 година, што покажа корисен ефект од крвта од млади глувци врз организмот на постари нивни посестрими, смета дека ваквите истражувања ја злоупотребуваат довербата на луѓето и предизвикуваат непотребно јавна возбуда. Уис-Кореј е основач на компанијата „Alkahest“ во Стенфорд и врши истражувања за влијанието на крвната плазма на млади луѓе на 18 доброволци, погодени од Алцхајмеровата болест.