04 Мај, 2024
0.0242

Наумче Мојсовски за „Фактор“: Одиме во Рио!

Објавено во: Стил 06 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Македонската машка ракометна репрезентација утре заминува во Гдањск Полска, каде ќе игра квалификациски турнир за Летните Олимписки Игри во Рио Де Жанеиро. Избраниците на селекторот Ивица Обрван ќе играат против домаќинот Полска, потоа Тунис и Чиле. Во 2012 година во Гетеборг не успеаја да се изборат за место на Олимписките Игри во Лондон, но за Бразил  2016 се убедени дека таму ќе се вее македонското знаме. Пред заминување, меѓу набиените тренинзи, за Фактор одвои време еден од ветераните на репрезентацијата Наумче Мојсовски. Мојсовски има околу 140 настапи во репрезентативниот дрес, а досега играл  во девет клуба од родната Струга, потоа Пелистер, Вардар, Логроњо во Шпанија, Вилпант во Франција, Металург, па се до Катар во Лахвија, Во моментов има договор и настапува за ЦСМ во Букурешт, Романија. Фактор: Кои се твоите очекувањата во Полска? Ќе оди ли Македонија во Рио? Мојсовски: Одиме во Рио! Фактор: Колку ќе недостасува Петар Ангелов - Диви во репрезентацијата и колку лично на тебе? Мојсовски: Диви е еден од најзаслужните за отворениот пат до Рио. Неговото отсуство и како играч  и како човек со позитивна енергија ќе биде хендикеп за нас! Фактор: Сега играш во Романија. Какви се твоите планови во иднина? Мојсовски: Имам уште една година договор. Здравје, за понатаму нема да откривам многу. Фактор: Колку имаш време за твоето семејство, со оглед дека постојано патуваш? Мојсовски: Спортот бара голема жртва, време за семејството имам многу малку, со оглед на тоа што сопругата и синот се во Скопје. 12953167_10208547223854057_75751479_o Фактор: Ке има ли Наумче свој наследник? Мојсовски: Па, со оглед на тоа што низ цела куќа има само топки, некој мора да е голман, а некој да навива и да вика: Кристијан Мојсовски! Значи сигурно дека ќе имам! 12922236_10208547223214041_2122679806_o Фактор: Дали како Струга има друга? Мојсовски: И да има, чуму ти е. Мојата Струга е местото каде психички и физички можам да се одморам. Фактор:Дали имаш некаков ритуал пред натпревар или можеби амајлија? Мојсовски: Што знам...Мислам дека сум малку суеверен, на некој начин. Имам своја икона што ја носам секаде со мене и уште нешто...Не сакам да се вратам, кога еднаш сум излегол низ врата.