06 Мај, 2024
0.0236

НБРМ: Усвоена регулативата за сметководство и за финансиско известување за банките и штедилниците

Објавено во: Економија 22 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата петта седница, на која беше разгледана и усвоена регулативата за сметководство и за финансиско известување за банките и штедилниците. 

Оваа регулатива опфаќа три одлуки, и тоа: Одлука за методологијата за евидентирање и вреднување на сметководствените ставки и за подготовка на финансиските извештаи, Одлука за видовите и содржината на финансиските извештаи на банките како и Одлука за изменување на Одлуката за сметковниот (контниот) план за банките. Донесувањето на регулативата е со цел усогласување со Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).

„Меѓународниот стандард за финансиско известување 9 - финансиски инструменти, којшто го заменува постоечиот Меѓународен сметководствен стандард (МСС) 39, се однесува на сите аспекти на финансиските инструменти, односно финансиските средства и финансиските обврски. Стандардот содржи одредби за критериумите за признавањето, класификацијата и мерењето, исправката на вредноста, депризнавањето и сметководството за заштитата од ризици за соодветните финансиските инструменти. Одредбите за почетно признавање, депризнавање, како и најголем дел од одредбите кои се однесуваат на класификацијата и мерењето на финансиските обврски во МСФИ 9 се преземени од МСС 39. МСФИ 9 дава можност да продолжи примената на одредбите за сметководството за заштита од ризици од МСС 39 сѐ до донесувањето нов стандард за макро заштитата од ризици. Во споредба со МСС 39 којшто тековно се применува и за банките и за штедилниците во Република Македонија, најголеми промени има во одредбите за класификација на финансиските средства и во одредбите за мерење на исправката на вредноста на финансиските средства. Класификацијата на финансиските средства, за разлика од досегашните комплексни правила за класификација за секое поединечно средство, ќе се темели на деловниот модел на банката за управување со финансиските средства и на карактеристиките на договорните парични тековни на финансиските средства. Исправката на вредноста на финансиските средства ќе се оценува и утврдува врз основа на очекувани кредитни загуби за целиот период на постоење на финансиското средство, со што се заменува сегашниот пристап на утврдување на исправка на вредноста само во случај на настанати загуби.Регулативата опфатена во трите одлуки ќе започне да се применува од 1 јануари 2018 година“, соопштија од НБРМ.

Советот разгледа и други прашања од својата надлежност. 

Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот