НЕ БИ САКАЛЕ ТАМУ ДА ЖИВЕЕТЕ: Ова се градовите со најголем метеж во светот!
Објавено во: Свет 24 Февруари, 2017
Американската компанија за истражување Inrix Inc. го истражи сообраќајот во 1064 градови во светот (240 од нив се американски) во 38 држави.
САД се лидер во метеж во развиениот свет: таму возачите губат во метеж секоја година во просек по 42 часа, според податоците на Global Traffic Scorecard. Така директните и индиректните трошоци за тоа во текот на изминатата година изнесуваат вкупно околу 300 милијарди долари.
И покрај тоа, најразвиениете земји ги имаат највисоките нивоа на чекање во сообраќајниот метеж. Тајланд стана светски шампион - 61 часа на година, следен со Колумбија и Индонезија (47 часа).
Во однос на градовите Лос Анџелес го зазема првото место во однос на чекање во сообраќајниот метеж - секој возач поминува во просек по 104 часа годишно. На втората позиција е Москва - 91 часа.
Следат Њујорк 89 часа, Сан Франциско - 83 часа и колумбиската престолнина Богота (80 часа), шестото место Сао Паоло, Бразил (77 часа), Лондон (73 часа), Атланта (71 часа), Париз (65 часа), Мајами (65 часа).
Меѓу најпрометните градови во Европа се Лондон (73 часа), Париз (65 часа), Истанбул (59 часа), Краснодар (56 часа), а исто така и Цирих, Минхен, на кои отпаѓаат околу 50 часа годишно чекање во автомобилот .