НЕ Е САМ: Уште еден политичар на страната на Мадуро
Објавено во: Свет 02 Февруари, 2019
Претседателот на Иран, Хасан Рохани го поддржа претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, објави иранската агенција ИРНА.
Тој смета дека мешањето на Америка во внатрешните работи на Венецуела е, како што посочи многу лошо.
„Ние веруваме дека луѓето од Венецуела преку единство и поддршка на властите ќе можат да ги решат притисоците од Вашингтон”, изјави Рохани.
Иран ги поддржува властите на Венецуела од 1999 година, кога на власт дојде Хуго Чавес, а чии политики ги продолжи и сегашниот претседател Николас Мадуро.
Десетици илјади демонстранти денеска излегоа на анти Мадуро протести во главниот град на Венецуела, Каракас. Протести се одржуваат и во сите поголеми градови во Венецуела против претседателот Николас Мадурo и неговата влада.Протестите се одржуваат под паролата ,,Светот е со Венецуела“, поради економските проблеми во земјатa, каде продавниците се празни, а милиони луѓе се евакуираа.