НЕ Е САМО ГРЦИЈА: Уште една европска земја се бори со пожари
Објавено во: Свет 27 Јуни, 2019
Шпанија се бори со најголемите пожари во последниве 20 години.
Стотици пожарникари се борат со шумски пожари во шпанскиот регион Каталонија.
Најмалку 10.000 хектари се зафатени од пожарите во Каталонија, на 80 километри од крајбрежниот град Тарагона. Властите изјавија дека има опасност пожарот да се зголеми на 20 000 хектари. Триесет лица се евакуирани.
Властите велат дека пожарот е предизвикан од „акумулација на ѓубриво во фарма кое генерира доволно топлина за да експлодира “.
Шпанија, Франција и Италија се соочуваат со екстремни горештини. Во средата во Германија, Чешка и во Полска се измерени рекордни температури за месец јуни.
Причина за високите температури е топлиот воздух од северна Африка, тврдат метеоролозите.