НЕ Е САМО СЛОВЕНИЈА: И во Србија студот однесе жртви
Објавено во: Балкан 01 Март, 2018
75 годишен маж заболен од деменција е пронајден мртов на пат недалеку од своето село Малошишта кај Дољевац. Во селото Јарешник во Босилеград пронајдено е беживотното тело на маж на 49-годишна возраст.
Во Словенија, каде температурите се далеку под нулата, постар маж починал поради премрзнување кога заминал по дрва во близина на Марибор. Снег од 1,1 метар е регистриран во Албанија, дури и во Тирана каде тоа е реткост. Многу училишта вчера се затворени, а патиштата блокирани. Оштетени се и стоплбови на електричните далноводи, што довело до прекин на струјата во многу рурални краеви. На Косово сите основи и средни училишта се затворени поради екстремно ниски температури, јавува АП. Ниските температури го отежнуваат сообраќајот и во Хрватска.