НЕ Е СКОПЈЕ: Во овој македонски град вечерва измерени над 1.000 ПМ честички
Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2019
1.028 ПМ честички на 100 микрограми се измерени вечерва во Куманово, покажува апликацијата Мој воздух. На социјалните мрежи деновиве граѓаните се пожалија дека во вечерните часови се пали отпад на одредени локации во градот.
Скопје се искачува на листата најзагадени градови во светот како што се наближува зимата и денеска е 15-ти најзагаден град, според податоците на air visual.
Куманово и Тетово, но и делови од Скопје вечерва се високо загадени, покажуваат податоците од мерните станици на Министерството за животна средина.
Белград е 9-ти, Приштина е на 17 место, а Сараево е на 19-то место на листата.