„НЕ ГО ПРОПУШТАЈТЕ ГОЛЕМИОТ СПЕКТАКЛ“, ПОРАЧА ГРУБИ: Големи и мали еуфорично да го пречекаат Ахмети во Чаир на голем митинг
Објавено во: Македонија 19 Март, 2023
Првиот
вицепремиер, Артан Груби за утре во скопски Чаир преку објава на Фејсбук најави
голем митинг на ДУИ.
- Ми недостигаше ваква мобилизација и еуфорија која се создава во очекување на доаѓањето на народниот лидер Али Ахмети. Големи и мали ќе дојдат да го видат и да ја слушнат пораката! Ви ветувам невиден спектакл на нашите дружења, особено за младите. Не пропуштајте да бидете дел од митингот и не дозволјувајте од други да слушнете како поминал историскиот митинг каде ќе се гради иднината! Понеделник, 20 март, 19:00 часот, сала Шабан Трстена, Чаир, Скопје!, стои во објавата на Груби.