Не климајте со глава, немате појма од право, им порача Силјановска на колегите
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2020
Не климајте со глава, немате појма од право, изјави денеска пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.
Таа од собраниската говорница побара кадрите што влегуваат во комисиите да имаат познавања од областа каде што се поставени и предложи, а Собанието да има увид во нивните професионални биографии по примерот на Словенија.
На ова реагираше собранискиот претседател Талат Џафери. Рече дека таа нема право да оспори право на друг пратеник.
„Без оглед на што мислевте, немате потреба да му се обратите на пратеник и да му кажете дека нема појма од право. Имавме претседател на комисија со електро-технички факултет и не гледам спорно ништо, тука. Немате право да се мешате во изјаснувањето на пратениците. Кој е „за“ , кој ќе крене рака,нормално, а ако има копче ќе притисне на него. Не сме на Правен факултет, а доколку имаме потреба, ќе ве бараме за совет. Избрани сме од граѓаните, и тие имаат единствено право да го отповикаат нашиот мандат“, рече Џафери.
По оваа изјава на Силјановска имаше дофрлања од место, но и аплауз.