НЕ КУПУВАЈТЕ ХРАНА ВО ГРЦИЈА: Група ќе затруе производи со отровна киселина
Објавено во: Балкан 20 Декември, 2017
Група луѓе се закани дека ќе затруе производи со отровна киселина за Божиќ во Грција.
Властите во земјата трагаат по овие лица. Управата за храна на Грција вчера на потрошувачите им препорача во периодот меѓу 20 и 25 декември да не купуваат „кока кола“ и „кока кола лајт“ од 1,5 литри, ниту пак млеко „делта“ од 1 литар.
Полицијата ќе провери дали има вистина во овие закани и дали ќе треба да се повлекуваат производи на пазарот, како и да се направи сериозна истрага со цел да се пронајдат оние кои се закануваат со труење на прехранбени производи.Заканата за труење со храна ја упати преку Интернет групата која се нарекува „Црнозелени пиромани“ (Blackgreen
Arsonists), а слични закани беа испраќани и во минатото за Божиќ, но не беше пријавен ниту еден случај на труење.