29 Април, 2024
0.0256

НЕ МОЖЕТЕ ДА СПИЕТЕ ОД ТОПЛО? Обидете се со овие трикови!

Објавено во: Стил 22 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Толку ви е топло што не можете да се наспиете како човек? Не сте единствени. Токму поради големите жештини квалитетен и цврст сон често ви бега.

Водени од фактот дека во најтоплиот дел од годината луѓето често имаат проблеми со сонот, сопственици на една британска фирма која се занимава со производство на кревети направија интересна анкета врз основа на која востановиле 11 чекори кои можете да ги преземете како би имале квалитетен сон.

Интересно, ниеден од нив не е купување на нов кревет ниту подразбира во својата соба да имате клима.

Пуштете го воздухот да струи

Поставете вентилатор спроти прозорците, а потоа отворете го окното и направете вештачка промаја. Ова направете го непосредно пред заминување во кревет.

Користете тенки чаршави

Нека обичен душечен чаршав ви послужи како прекривач во врелите летни ноќи. Памукот е материјал кој овозможува кожата да дише.

Ладна перница

Својата голема мека перница која ја користите преку годината заменете ја со некоја помала и поцврста. Раскошните меки перници само ќе ја впиваат топлината на главата.

Удобност пред се

Ако спиете облечени, тоа нека биде лесна, памучна мајца, по можност еден број поголема од вашата конфекциска големина.

Влажна коса

Оваа метода која во зима е строго забранета, налето може да ви биде од помош. Чуството на влага на главата ќе ве разлади барем додека не потонете во сон, а косата поради топлото ќе се исуши побрзо.

Нозете ја ладат главата

Пред одење на спиење, ставате ги стапалата во ладна вода. Акупунктурните точки на стапалата се поврзани со внатрешните органи па на овој начин ќе го разладите организмот одвнатре.

Промаја 2

Пред отворениот прозор раширете голем влажен чаршав. Во вашата соба ќе влегува влажен и ладен возддх.

Египетска спавача

Замотајте се во влажен чаршав и направете таканречена египетска спавача. Легендата вели дека така древните Египќани излегувале на крај со пустинските горештини.

Стратешка храна

Пред спиење никако не е добро да се прејадете бидејќи тоа го забавува вашиот метаболизам кој вас потоа додатно ве грее. Ако сте гладни, изедете помал оброк.

Ниско, ниско

Спијте на што е можно пониско ниво или дури ставете го душекот на под. Што пониско сте толку поладно ќе ви биде.

Употребете лежалка за плажа

Предлог од трска можеби не е е така мек, но секако е поладен бидејќи ладното овозможува проток на воздухот. Подметнете лежалка за плажа од трска под постелнината.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти