19 Април, 2024
0.0277

НЕ ПРОПУШТИ НИ ЕДЕН ДЕН НА РАБОТА И НЕМАШЕ НИ ЕДНА ДАМКА ВО КАРИЕРАТА - претседателката Кацарска со убави зборови ја испрати во пензија нејзината колешка Маркудова

Објавено во: Македонија 09 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Уставниот суд од денеска работи со шест од предвидени девет судии поради завршување на мандатот на судијката Вангелина Маркудова.

„Последната седница на којашто присуствуваше судијката Маркудова се одржа во средата на 7 декември и тогаш завршија нејзините работни обврски во Уставниот суд. Последна иницијатива по којшто Маркудова работеше и ја реферираше на седницата е за Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани лица и по овој предмет Уставниот суд поведе постапка, односно изрази сомнеж во уставноста на членот 22 кој им овозможува на разрешените функционери или оние кои сами си дале оставка да земаат плата (апанажа) и по завршувањето на мандатот“, се вели во соопштението од највисоката судска инстнца во земјава. 

По повод пензионирањето на судијката Маркудова Уставниот суд приредил пригодна свеченост во рамки на којашто судиите и вработените се заблагодариле за нејзиниот придонес и активно учество во работата на Уставниот суд.

„И благодарам на колешката Маркудова затоа што даде пример што значи да се биде професионален судија без дамка и афера во нејзината правосудна кариера, посветен работник кој сите овие години обврските ги завршуваше дисциплинирано во работно време без да пропушти ден на работа и особено ми е драго што до крајот на својот работен век остана мирољубива и толерантна личност од која многумина може да учат“, кажа претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. 

Вангелина Маркудова работи активно во правосудството од 1984 година, почнувајќи како приправник и стручен соработник во општинскиот суд Гевгелија во кој во 1986 година е избрана за судија. Во 1996 година е избрана за судија во Основниот Суд Скопје I во којшто од 2007 до 2013 постапува во одделението за организиран криминал и корупција. На 21 ноември 2013 година е избрана за уставна судијка како предлог на Судскиот совет, нејзиниот мандат почнува да тече од 7 декември 2013 и заврши на 7 декември 2022 година. 

„Ова е моја последна седница во Уставниот суд и сум горда што ќе се пензионирам и ќе си заминам со крената глава и чист образ. Го дадов својот максимум и секогаш, пред се и над се кога одлучував на ум ги имав граѓаните и нивните права”, кажа Маркудова. 

Вангелина Маркудова како уставна судијка во својот деветгодишен мандат работеше на 256 предмети како судија-известител. 

Можеби ќе ве интересира

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните