ПРЕКУ ТУНЕЛОТ МУРИЗ ОД ДЕБАР ДО ТИРАНА ЗА ЕДЕН ЧАС: Ќе биде пуштен во средината на март
Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2025 13:11
Албанската влада најави дека тунелот Муриз, кој е дел од автопатот „Патот на Арбр“ (Руга е Арбрит), ќе биде отворен за сообраќај на 14 март. Со ова, патувањето од граничниот премин „Блато“ кај Дебар до Тирана ќе се скрати на само еден час.
На 14 март ќе го пуштиме во употреба тунелот Муриз за сите возила, додека ќе продолжиме со работа на помошниот тунел, кој е наменет за итни случаи. Ова значително ќе го подобри сообраќајот, овозможувајќи побрза врска од Дебар, Северна Македонија, до Тирана – објави на Фејсбук вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика на Албанија, Белинда Балуку, по извршениот увид во градежните активности.
Според Балуку, овој тунел овозможува целосна функционалност на автопатот, кој сега е долг 74 километри, наспроти повеќе од 180 километри колку што претходно изнесуваше растојанието.

Со својата должина од 74 километри, „Патот на Арбр“ ќе стане значаен коридор за поврзување на Исток и Запад. Оваа модерна сообраќајница не само што ќе ги доближи граѓаните на Тирана и на цела Албанија до Дебар и Северна Македонија, туку ќе има и важна улога во економскиот развој и туризмот. Дополнително, оваа патна оска ќе биде најкратката рута што ги поврзува Тирана, Пешкопеја, Дебар, Тетово и Скопје, со што ќе стане значајна меѓународна врска – нагласи Балуку.
Изградбата на тунелот Муриз започна во мај 2019 година, но процесот траеше подолго од планираното поради сложената геологија и лизгањето на земјиштето. Тунелот е долг 3,78 километри и има два дела – еден за редовен сообраќај и друг за итни случаи.
Во рамки на автопатот се изградени вкупно седум тунели со вкупна должина од 8,5 километри, како и четири моста. Еден од нив, со висина од 158 метри, е највисокиот на Балканот.
Овој автопат е официјално отворен за сообраќај кон крајот на ноември 2021 година, а оттогаш постојано се зголемува бројот на патници што го користат граничниот премин „Блато“. Според податоците на македонското Министерство за внатрешни работи, во текот на минатата година на овој премин биле регистрирани 834.345 патници, од кои 672.062 биле странци, а 162.283 македонски државјани. Ова претставува зголемување од 120.086 патници во однос на претходната година.
Фото: Фејсбук
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Британска амбасада: Со Македонија соработуваме за борба против нерегуларната миграција
Продолжува „Фејсбук војната“ на експремиерите - Груевски до Заев: „Доста си се чукао и ударао у градима нашима“
Ќе има ли мигранти во Македонија: „Тајмс“ шпекулира, СДСМ реагира, ВМРО-ДПМНЕ негира
Локални дождови ќе направат хаос на патиштата – подгответе се
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени





