04 Мај, 2024
0.0570

НЕ СЕ ПАРИТЕ: Што имаат заедничко сите милијардери?

Објавено во: Стил 01 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Повеќето родители би сакале нивните деца да завршат факултет и да добијат диплома, за на тој начин полесно да дојдат до вработување и до повисоки приходи. Сепак, некои сметаат дека образованието и факултетската диплома само можат да ги забават младите луѓе на патот кон бизнис-успехот. Така милијардерот Петер Тиел пред неколку години најави дека ќе им плаќа на луѓето помлади од 20 години да се откажат од школување, а наместо времето да го губат на настава, ќе им даде пари кои ќе им овозможат да го „ослободат умот“ и да започнат да размислуваат за големи проекти. Интересно е дека некои од поранешните и актуелните шефови на најголемите технолошки компании во светот, исто така го прекинале своето школување и наместо да посетуваат факултет се решиле да започнат сопствен бизнис преку кој заработиле милијарди долари. Бизнис Инсајдер објави листа на сите најпознати први луѓе на ваквите моќни компании кои не завршиле факултет, но можат да се пофалат со голем бизнис успех: Бил Гејтс - Гејтс во 1973 година започна да студира на Харвард, но две години подоцна го прекина школувањето и со Пол Ален се одлучи да го покрене Мајкрософт, фирмата благодарение на која денеска е „тежок“ неверојатни 81 милијарди долари. На чело на Мајкрософт беше до 2000 година, а и денес е активен во компанијата како советник на извршниот директор Надела. Мајкл Дел - Студираше биологија на Универзитетот во Тексас, но сепак се одлучи да и се посвети на својата најголема љубов – компјутерите. Дел Компјутер го основа во 1984 година и за 30 години го претвори во вистинско „компјутерско царство“, благодарение на кое стана најмлад извршен директор кој се пробил на Форчун 500 листата во 1992 година, а неговото богатство денес изнесува нешто помалку од 19 милијарди долари. Марк Цукерберг - Овој 30-годишник веќе вреди 34 милијарди дилари, а и тој се откажа од Харвард за да му се посвети на развојот на социјалната мрежа Фејсбук, која најпрвин беше наменета за поврзување на студентите. Денеска Фејсбук го користат повеќе од 1,3 милијарди луѓе, а пазарната вредност на компанијата достигна 200 милијарди долари. Стив Џобс - Уште еден од технолошките генијалци кои не сакале да губат време на факултет. Веќе во 1974 година го напуштил факултетот и со Стив Вознијак го основал Епл, компанијата која предизвика вистинска револуција на пазарот за потрошувачка електроника со уредите како Ајпад, Ајфон и Ајпед. Неговото богатство пред смртта изнесувало околу седум милијарди дилари. Џек Дорси - Исто како Цукерберг, Дорси го напушти факултетот за да се посвети на развој на социјалната мрежа Твитер. Освен што е еден од основачите на оваа мрежа, тој е основач и извршен директор на Сквер, па неговото богатство се проценува на 2,8 милијарди долари. Пол Ален - Го напушти факултетот во Вашингтон по две години од запишувањето за да стане програмер во Хонивел. Потоа се здружи со Бил Гејтс и заедно со него го основаше Мајкрософт. Ален е голем љубител на спортот и сопственик на повеќе спортски клубови во САД. Лери Елисон - Коосновач и извршен директор на софтверската компанија Оракл „тежок“ е повеќе од 50 милијарди долари. Напуштил не еден, туку два факултета и станал еден од од основачите на Софтвер Дивелопмент Лабс, компанијата која подоцна беше преименувана во Оракл. Интересно е дека тој е единствен извршен директор на оваа компанија од нејзините почетоци до денес. Еван Вилијамс – По година и пол студирање на Небраска-Линколн факултетот, Вилијамс одлучи да го прекине школувањето и да се посвети на неколку „стартап“ проекти. Тое се покажало како одлична идеја, бидејќи Вилијамс стана еден од основачите на Твитер, а неговото богатство се проценува на три милијарди долари. Јан Коум - До неодамна и беше прилично непознат на пошироката јавност. Факултетот го напушти за да се вработи во Јаху, компанијата во која остана девет години се до 2007 година. Тогаш го основаше WhatsApp на кој по аквизицијата од страна Цукерберг за 19 милијарди долари, наводно заработил околу седум милијарди долари за него. Дастин Московиц - На Харвард го запознал Цукерберг со кој станал цимер и му помогнал во развојот на Фејсбук. Тој е и првиот вработен во компанијата, благодарение на која неговото богатство изнесува 8,1 милијарди долари. Во 2008 година ја напушти оваа социјална мрежа и ја основаше компанијата Асана.