НЕ СТИВНУВА ПОТРАГАТА ПО НОВИ РАКОВОДИТЕЛИ – има ли кандидати кои сакаат да управуваат со инспекторатот за труд или на центрите за образование

Објавено во: Економија 08 Април, 2025 07:38
Владата е во потрага по нови кандидати кои би сакале да раководат со четири државни институции. На веб страната на Владата објавени се огласи за пријавување кандидати за директорските места на Државниот инспекторат за труд, Управата за сигурност во железничкиот систем, Центарот за развој на стручното образование и Центарот за образование на возрасни.
Последниве недели, беа објавени бројни огласи со кои Владата ги пополнуваше директорските или заменичките позиции во институциите. Генерално меѓу условите кои кандидатите треба да ги исполнат се забележуваат истите одредби, па така и овој пат, кандидатите за овие раководни позиции мора да се државјани на Македонија, во моментите на апликација не смеат да имаат казна или забрана за вршење дејност.
Секако сите кои сакаат да конкурираат за некое од директорските „столчиња“ ќе мора да имаат високо обраозвание, но и солидно познавање на англиски јазик или друг светски признат јазик со меѓународно признат сертификат.
Идниот директор на Управата за сигурност во железничкиот сообраќај мора да има петгодишно искуство во областа. Додека пак, директорот на Инспекторатот за труд мора да има шест години работно искуство по дипломирањето.
Заинтересираните за аплицирање за овие позиции имаат до 18 април да ги подготват и достават документите до архивата на Владата.
Кандидатите кои сакаат да конкурираат за директори на еден од Центрите, било да станува збор за Центарот за развој на стручното образование или пак Центарот за образование на возрасните мора да имаат и најмалку пет години работно искуство во стручно образование и обука или да биле најмалку пет години вработни во орган на државната управа од областа на образованието. Но, исто така треба да поседуваат сертификат за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и да имаат изготвено план и програма за работа и развој на Центарот за период од четири години.
Воедно постоечкото работно место на лицето кое ќе биде избрано за директор на еден од Центарите му мирува работниот однос за време на вршење на функцијата директор на Центарот и има право во рок од пет дена по престанувањето на функцијата што ја вршел, да се врати на работа во установата или институцијата каде работел пред да биде избран за директор, на работно место најмалку на исто ниво со нивото на кое било пред да биде избран за директор.
Сите заинтересирани за овие две позиции мора да побрзаат со апликациите, бидејќи огласите траат до 11 април и дотогаш треба да ги достават документите за позицијата за која аплицираат.
Но, она што е значајно да се напомене е дека покрај овие услови, Владата бара заинтересираните кандидати да пополнат и посебен образец со кој треба да го опишат кариерниот развој во последните 10 години. Но и да го наведат досегашното знаење за законите и актите кои ја уредуваат директорската позиција за која конкурираат. Воедно кандидатите ќе треба да посочат и свои концепти и модели за управување со институцијата, особено за првата година од работењето. Се бара и други познавања на областа која се уредува, а деталите може да ги видите на овој линк.
Платата за овие директорски позиции не се објавена, но во огласите се напоменува дека „коефициентот за пресметување е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија“.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
„НЕ НИ Е ГРИЖА ОД КАДЕ Е КОМПАНИЈАТА“: Фон Дер Лајен ги предупреди Мета, Икс и ТикТок

СТИГНА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД КИНА: Земјите да не склучуваат трговски договори со САД на нејзина сметка! „Остро ќе се спротивставиме“

КРАЈ НА ЕДНА ЕРА ВО СВЕТОТ НА БИЗНИСОТ, ЗАМИНУВА КЛУЧНАТА ФИГУРА НА СВЕТСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ: Клаус Шваб поднесе оставка

ГЕРМАНИЈА ПОГОДЕНА ОД НЕВЕРОЈАТНО ПОСКАПУВАЊЕ: Еве што поскапи најмногу

ВОЛВО ОТПУШТИ 800 ЛУЃЕ ВО АМЕРИКА: „Жалиме што моравме да ја преземеме оваа акција“

ПРЕДВЕЛИГДЕНСКО „ЧЕШЛАЊЕ“ НА МАРКЕТИТЕ: Еве што открива Агенцијата за храна и ветеринарство

ГОЛЕМА ПОБУНА ВО ГЕРМАНИЈА ЗА НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА РАБОТНИЦИТЕ ОД БАЛКАН: „Без нас ве нема и вас“

ОВА ВЕЌЕ ПРЕДИЗВИКА ЗАГРИЖЕНОСТ: Уште една човечка функција пропадна заради вештачката интелигенција

ЗА ГОДИНАВА: Третина од германските компании очекуваат намалување на работните места
