12 Мај, 2024
0.0296

„Недела неработен ден“ уште се преговара, работодавачите сепак ќе го имаат последниот збор

Објавено во: Економија 05 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Веќе има некои заклучоци и сугестии, но конечната предлог верзија на законот со кој недела ќе стане неработен ден се уште не е готова. Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска рече денеска дека прашањето ќе биде отворено на економско социјалниот совет

Оваа дебата се уште тече. Вчера имавме онлајн состанок со сите чинители на социјалниот дијалог. Со претставници на синдикатите, претставници од Организација на работодавачи и комори. Дојдовме до некои заклучоци и сугестии на вчерашниот состанок и следниот чекор е истото прашање да се отвори на Економско-социјалниот совет, да разговараме и да биде дефинирана последната драфт верзија како законско решение, истакна Шахпаска.

Таа потенцира дека согласно задачата Министерството изработи драфт верзија на предлог законот и го испрати до колегите министри, но поради интересот и до сите чинители и партнери од социјалниот дијалог.

Потенцира дека тоа е предизборно ветување на СДСМ, но и заедно со владинот коалициски партнер е преточено како еден од законите што ќе биде донесен.

Инаку од Министерството за економија неделава потврдија дека нема да има промени во законите за трговија на мало, за угостителство и за туристичка дејност, односно овие дејности ќе продолжат да работат како и досега и во недела. Сепак, Законот за трговија ќе претрпи одредени измени, кој ќе се однесуваат на трговијата на големо, односно на големите магацини или маркети.

„За туристичките агенции и за угостителите најверојатно ќе остане постојното решение до средината на наредната година, а за Законот за трговија се прават неколку опции, посебно за трговијата на големо каде што ќе има одредени измени, но тие нема да се случат веднаш зашто треба да бидат информирани сите бизниси во земјава. Секако, треба првично да бидат информирани и во соработка со стопанските комори да се донесат такви решенија, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Пред два дена од Сојузот на синдикати на Македонија соопштија дека законските измени кои ги разработува Министерството за труд и социјална политика нема да им овозможат на работниците строго да не работат во недела, затоа што работодавачите ќе имаат можност преку посебни закони и колективни договори да им го ограничат ова право.

„Иако Владата ја поздрави иницијативата и ја прифати истата за утврдување на недела за неработен ден за работниците, предложениот Предлог Закон за измени и дополнување на Законот за работните односи доставен од страна на Министерството за труд и социјална политика, не оди во правец на уредување на ова право недела да биде неработен ден за работниците во Државата.

Напротив со Предлог Законот за измени и дополнување на Законот за работните односи се уредени варијанти и можности со посебните Закони и Колективните договори дополнително да се ограничи ова право за работниците“, стои во реакцијата на ССМ откако го разгледале понуденото законско решение.


Можеби ќе ве интересира

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно