Нефи Усеини спроведен во охридскиот притвор
Објавено во: Македонија 26 Август, 2020
Нефи Усеини и неговиот брат Ибро Усеини се спроведени во охридскиот притвор по тепачката која ја предизвикаа во познат хотел во Охрид а беше снимена од видео-камерите.
На советникот од ДУИ во Општина Охрид и неговиот брат претходно му беше одреден осум дневен притвор по нападот над охриѓанецот Спире Топалоски.
Тие пет дена беа недостапни за полицијата, но денеска сами се пријавиле.