Добивај вести на Viber
Неколку издавачи на соби во Охрид, кои деновиве на Булеварот Туристича „бркале“ туристи, добиле казни од по 700 евра, информира началникот на пазарниот инспекторат од Охрид, Ѓорѓи Бошалевски.
Како што пренесува порталот А1 он, три диви туристички агенции и пет посредувачи во приватно сместување заработија глоба од по 700 евра, во денарска против вредност.
- На лице место затекнавме три лица кои на некој начин се диви туристички агенции, затоа што немаат лиценца за работа. Едното лице со комбе го затекнавме пред хотелот Ројал, а другите две во селото Куратица - изјави Бошалевски.
Казнети се уште пет лица кои посредувале во приватно сместување.