НЕМА ДОБРИ ВЕСТИ ОД КЛИНИКА: Двете жени се во кома и состојбата им се влошува
Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2020
Двете жени кои се на Клиника се во крајно тешка состојба. Тие се на вештачко дишење и се во кома, нивната состојба се влошува, вели Илир Хасани, директор на клиниката ТОАРИЛУЦ.
„Состојбата е крајно тешка за двете жени кои се на единицата за интензивно лекување, нема промени за подобрување, за жал не можам да ви кажам никаква добра вест во моментов. И во моментов се во кома, состојбата се влошува“, изјави Хасани
Мажот, пак, кој се наоѓа на Клиниката за неврохируршки болести е тешка, но стабилна, и тој се наоѓа на апарати за вештачко дишење.
Досега има четири жртви од експлозијата на плинската боца во Романовце.