29 Април, 2024
0.0276

Нема пари, ескалираат проблемите – 100 дена Хрватска во ЕУ

Објавено во: Балкан 13 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Се стопија илузиите на Хрватите дека членството во ЕУ ќе им донесе подобар живот, пишува Новости анализирајќи ги случувањата во земјата по 100 дена од влезот на земјава во Унијата. Според Новости, Хрватите веќе знаат дека членството за 2014 ќе ги чини повеќе отколку што ќе добијат од фондовите на Унијата. „Првите сто“ за Хрватска биле поразителни. Донесена е одлука за конечна распродажба на Хрватска, лекарите се во најголемиот штрајк во историјата и поради тоа се откажани 4.000 операции, со чекан се скршени двојазични плочи поради кирилицата , пред Европа Загреб се покажал како неуверлив особено по срамниот маневар веќе усогласениот закон со европската пракса да се менува три дена пред влезот во ЕУ. По крахот со „лекс Перковиќ“ Хрватска ги заострува односите со Унгарија, барајќи да биде уапсен првиот човек на МОЛ- Золт Хернади, кој не се јавил на судски повик како сведок. Од намалување на цените на храната нема ни збор, а образованите луѓе забрзано ги пакуваат куферите и планираат заминување во светот додека земјават има рекордни дефицити и целосна дупка во буџетот, пишува весникот. Песимизмот расте, а малкумина и веруваат на владата и политичарите, се додава во Новости и се појаснува дека од сите фрази за подобар живот во ЕУ, кои се провлекувале во долгите години преговарање со Брисел, не останало ништо и Европската Унија не се ни спомнува, а малку кој се сеќава на огнометот кој на 1 јули ја внесе дваесет и осмата ѕвездичка во европското семејство. Како голем проблен се посочува и ескалацијата на насионализмот, а повторно на ТВ екраните се зборува дека преостанатиот грст Срби се најголемиот хрватски проблем. Наместо да се разговара за проектите кои Европа би можела да ги поддржи, се се враќа на старите поделби и омрази, а политиката, наместо да го гаси огнот, долева бензин, ги анализира весникот првите 100 дена Хрватска во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија