08 Мај, 2024
0.0294

Нема плата, нема возови!

Објавено во: Економија 20 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Вработените во Македонски железници Транспорт веќе трет ден излегуваат на протести.

Причина за штрајкот во оваа институција се заостанатите плати кои раководството не им ги исплатило на вработените од декември.

Вработените се жалат на лошите услови за работа и лошото менаџирање на раководството кое со години наназад ги прекршува одредбите од членот 105 од Законот за работните односи, којшто се однесува на исплата на плати на работниците.

Штрајкот започна во петокот а над 2000 вработени си ги бараат платите за половината на декември и јануарската плата за да можат да го прехранат семејството, во спротивно возовите нема да сообраќаат на ниту една железничка линија во земјава сѐ додека нивните барања не бидат целосно исполнети.

Од синдикатот, како што пренесуваат дел од медиумите, велат дека за време на викендот од менаџментот никој не ги контактирал за да им каже како ќе се реши нивниот проблем.

Министерството за транспорт и врски пак потенцира дека за 2017 година од буџетот на Република Македонија се издвоени 380 милиони денари за Јавното претпријатие „Македонски железници“ и дека ресорното министерство во рамки на своите законски можности ќе стори сѐ за да се реши оваа состојба во претпријатието.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување