Нема струја, и затоа Венецуела доби неработен ден
Објавено во: Свет 26 Март, 2019
Венецуела го прогласи вторник за неработен ден поради големиот прекин на електричната енергија.
Дефектот во електричната мрежа освен во главниот град ги стемни 21 од вкупно 23 држави во Венецуела.
Министерот за сообраќај Хорхе Родригез, информираше дека денеска е неработен ден во целата држава. Улиците на главниот град Каракас се скоро празни. Продавниците и метрото се затворени.
Владата го осуди ваквиот ,,напад на системот за производство и дистрибуција на електрична енергија“, односно на големата централа Гури. Таа обезбедува околу 80 проценти од побарувачката на електрична енергија во Венецуела.