Нема свадби, крштевки, сунети: Владата не дозволи организирање свечености со музика
Објавено во: Македонија 26 Август, 2020
Нема свадби, матурски и крштевки. На денешната седница Владата го прифатила мислењето на Комисијата за заразни болести да не се прифатат барањата за измени на Протоколот за работата на угостителските објекти, односно да остане забраната за организирање свечености со музика. Одлуката е донесена согласно тврдењата дека така може да се шири вирусот.
Инаку вчера над 1.000 субјекти од дејности како игротеки, ресторани за свадби, клубови кои се уште немаат дозвола да работат, побараа од државата побара да продолжи да ги субвенционира платите на вработените од овој сектор.
Од Сојуз на стопански комори алармираат дека овие дејности се уште се принудно затворени, а Владата нема слух за побргу да ги донесе потребните протоколи за тие да можат независно да функционираат.
„Пред пропаѓање во исклучително тешка состојба се претпријатијата од секторот услуги кои како резултат на владината Уредба се уште се принудно затворени и не се во можност да ја остваруваат својата дејност, велат од Сојузот на стопански комори.