Нема жалби за нарушувања, ДИК и со први детали за излезноста
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2017
Досега вториот круг од локалните избори се одвива мирно и без поголеми пријавени нерегуларности или проблеми, информираат од Државната изборна комисија.
До 11 часот нема пристигнато ниту една поплака за повреда на избирачко право од сите 1516 избирачки места во 35 општини каде што се одвива вториот круг од локалните избори.
Одзивот на гласачи до 10.00 часот е 8,09%, при што најголема излезеност ДИК регистрира во Демир Капија 22,47%, а најмала во Студеничани 3,09%.
За разлика од вториот, во првиот круг од изборите до 10.00 часот беа излезени близу 9,5% проценти.