Добивај вести на Viber
Секој трет ден по едно лице си го одзема животот, покажува официјалната статистика во Босна и Херцеговина. Како што јавува Радио Слободна Европа, главни причини се се потешката економска состојба, немањето перспектива во државата и невработеноста.
Според социологот Срѓан Вукадиновиќ, транзициското општество и урнатиот вредносен систем се главен генератор за ваквите случувања. Тој вели дека најтешко им е на младите луѓе.
„Има многу проблеми со кои човекот во денешното босанско-херцеговско општество не може да излезе на крај…следува стрес, отуѓеност проследена со невработеноста, безперспектиност, пред се кај младите луѓе“, смета Вукадиновиќ.
За психијатрите самоубиствата се манифестација на болести, пред се на депресија, а чест облик на ментално заболување е пост-трауматското стресно нарушување (ПТСП) кај голем дел од жителите на биХ кои беа дел од војната.